октомври 24, 2024

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери е пронајден мртов во џакузи во својот дом во Лос Анџелес. Веста ја соопши полицијата. Пери имаше  54 години.

Истрагата е во тек, и се уште не се знае причина за смртта. Според повеќето калифорнски медиуми немало траги на насилство, ниту пак била пронајдена дрога. Се сомневаат на срцев удар.

Пери е син на актерот Џон Бенет Пери и Сузан Мари Лангфорд, некогашен прес-секретар на канадскиот премиер Пјер Трудо.

Не беше женет и немаше деца.

Беше  зависен од алкохол и дрога и често пати одеше  на рехабилитација. За неговата долгогодишна битка со зависностите напиша и  мемоари.

The post Метју Пери ѕвездата од „Пријатели” пронајден мртов во џакузи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK