Во Германија има 236.000 бездомници, од кои 37.000 живеат постојано на улица, се наведува во извештајот на федералната влада.
– Од 236.000 граѓани без дом, најголемиот дел, 178.000 од нив живеат во прифатилишта за бездомници, 49.000 живеат привремено кај пријатели или роднини, а 37.000 живеат постојано на улица – стои во првиот владин извештај за бездомниците.
Повеќето од бездомниците се мажи.
Извештајот покажува и дека мнозинството бездомници, околу две третини, се мажи. Меѓу бездомниците има и 6.000 деца, кои живеат сами или со своите родители во прифатилишта или на улица.
Со доаѓањето на новата влада, прашањето за бездомниците од Министерството за социјална заштита се пресели во Министерството за градежништво. Досега во статистиката беа опфатени само оние бездомници кои беа пријавени во една од прифатните установи.
Министерот за труд и социјална политика, Хубертус Хајл, рече дека новиот начин на водење статистика ќе овозможи насочена помош за ранливите категории на граѓани.
Работната група за помош на бездомници (BAG W) проценува дека бројот на бездомници е поголем, најмалку 300.000, објаснувајќи ја разликата со фактот дека многу бездомници не можат да бидат опфатени со статистички мерки.
Во последните години голем број бездомници доаѓаат од источноевропските членки на Европската унија, пред сè Полска, но и Романија и Бугарија.
Следете не, не има насекаде