октомври 24, 2024

Ѕвездата на серијата „Пријатели“ ,  Метју Пери (54)во саботата е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а светските медиуми ја пренесуваат последната фотографија што Пери ја објави на својот инстаграм-профил.

Фотографијата на која е џакузи во својата куќа со слушалки на главата, Пери ја објави на 23 октомври на Инстаграм.

Ох, толку топла вода што се врти наоколу прави да се чувствуваш добро? Јас сум Метмен“, ја напишал Пери . 

Истиот ден, тој споделил снимка од Месечината и донекаде појаснил дека„Метмен“ е референца за „Бетмен“. „Дали разбирате што се обидувам да ви кажам? Јас сум Метмен“, напишал актерот.

Пет дена по овие објави, Пери е пронајден мртов во неговиот дом. Се претпоставува дека тој починал како последица на случајно давење во неговото џакузи.

Извори од американските медиуми наведуваат дека на местото на настанот не била пронајдена дрога, а не постои сомнеж за насилна смрт.

Пери бил на рехабилитација најмалку15 пати, а во последните години имал дури 14 операции.

Тој зборуваше за своите демони во мемоарите Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во 2022 година.

The post (Фото) Во џакузи со слушалки на главата: Последната фотографија на Метју Пери пред да го пронајдат мртов appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK