октомври 24, 2024

(МИА) – Жените, мирот и безбедноста се многу поврзани со реалниот живот. Жените многу подобро се справуваат со предизвиците, тие треба да бидат погласни, но и да разговараат за феминистичките прашања, потенцираше вчера потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска на панел дискусијата „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“ во рамки на регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство во Скопје.
Шекеринска потенцираше дека борбата и аргументите се пред нас, можеме да се ангажираме со емоции и страст, но треба да имаме и отворено срце, бидејќи ако не ја отвориме вратата за сите жени, тогаш феминистичкото движење ќе ослабе.
Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците, треба да бидат погласни и да разговараат за феминистичките прашања
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето излагање на конференцијата рече дека нивната заедничка цел е да ги соберат на едно место сите прогресивни жени и активисти, на еден заеднички фронт во борбата за еднакво и одговорно општество, базирано на европски вредности.
Тој посочи дека најголемиот позитивен чекор во унапредувањето и прифаќањето на прогресивните идеи за половата рамноправност е направено во периодите кога социјалдемократите се на власт.
Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците, треба да бидат погласни и да разговараат за феминистичките прашања
-Усвоивме документи што отворија нови перспективи и први започнале со зголемување на процентуаната застапеност на жените во партиските органи, се до целосна рамноправна застапеност, со што се покажа дека се спремни да ја менуваат политичката и општествена стватност, а на ниво на МВР и БЈБ при МВР има жени на клучни раководни позиции, рече Спасовски.

Регионалната Академија е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и ФЕС Дијалог Југоисточна Европа.бт/аа/
Фото/ Фондацијата Фридрих Еберт

The post Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците, треба да бидат погласни appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK