септември 23, 2024

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври  годинава изнесува 33 104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,3 проценти) и Преработувачка индустрија (17,6 проценти).

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2  проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува  49 585 денари.

The post Нето платата во октомври 33.104 денари appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK