октомври 24, 2024

Јана Чернохова, министерка за одбрана на Чешка, ги обвини Обединетите нации (ОН) за „поддршка на терористите“ и не почитување на правото на самоодбрана и побара Чешка да се повлече од светската организација поради резолуцијата за конфликт во Израел.

Само 14 земји, меѓу кои и нашата, јасно и разбирливо се изјаснија против невидениот терористички напад на терористите од Хамас. Се срамам од ОН. Според мене, Чешка нема никаква врска со организација која поддржува терористи и не го почитува основното право на самоодбрана. Ајде да излеземе – изјави Чернохова синоќа на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Меси ниту со сопругата не може да остане без телохранител: ‘Фатени’ се пред утрешниот голем момент
НАУНОВСКИ: Уште не дојдени на власт мицињата прават институционален прогон на секој што мисли различно од нив!
СЗО СО ИТНО СООПШТЕНИЕ – “Предупредувањето на Израел е длабоко вознемирувачко“
МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ЗА ИЗЛЕЗ НА ЧЕШКА ОД ООН ПОРАДИ „НАВИВАЊЕ ЗА ТЕРОРИСТИ“: Поранешниот претседател Земан потсети дека држава на Палестинците е Јордан
Израел ја проширува копнената операција, се зголемува бројот на жртвите
КРУШАЧ НА БУНКЕРИ! Нема спас од оваа бомба за Хамас во тунелите, првата боева глава прави дупка, а потоа главната што УНИШТУВА СЕ (ВИДЕО)
Во едно од неговите последни интервјуа, Пери откри по што би сакал луѓето да го паметат
Палестинци упаднаа во магацините за храна на ОН: Грабаат што можат, очај владее насекаде
БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ – Сподели драматична објава во која ги обвини првите луѓе на тајните служби за нападот, потоа ја избриша: “Извинете, згрешив“
Жителите на Гренланд веќе не го поместуваат часовникот назад: Нема повеќе зимско сметање на времето

Чешка припаѓа на земјите кои го поддржуваат Израел речиси без огради, дури и во последниот конфликт со Хамас, а премиерот Петр Фијала и шефот на дипломатијата Јан Липавски го посетија Ерусалим за да и дадат недвосмислена поддршка на израелската влада.

Тие нагласија дека Израел има право на самоодбрана, а во практични чекори официјална Прага, сепак, го следи ставот на Европската унија.

Како и поранешниот претседател на Чешка, Милош Земан, кој неодамна повика на депортација на Палестинците, исто како што Судетските Германци беа етнички исчистени од тогашна Чехословачка по Втората светска војна, Чернохова е меѓу произраелските јастреби на Чешката политичка сцена.

Пред две недели, чешкиот министер за одбрана, обвиен со израелско знаме, отиде на контра митинг за да го попречи правниот протест на неколку стотици луѓе на Вацлавскиот плоштад во Прага, кои поради страдањата на палестинските цивили го критикуваа начинот на кој израелските властите реагираа на терористичките напади на Хамас на 7 октомври.

Како решение за конфликтот на Блискиот Исток, поранешниот претседател Земан по избивањето на конфликтот предложи Палестинците од областите каде што сега живеат да се депортираат во пустините на Јордан и Саудиска Арабија.

Не ми е грижа за цивилното население во Појасот Газа, кое и онака го поддржува Хамас. Се грижам за израелските војници затоа што сигурно не би било добро ако по срамот кој малку потсетува на војната во Јом Кипур, дојде нов срам од големи загуби во израелската армија – изјави Земан по избивањето на конфликтот.

Поранешниот чешки претседател го отфрли концептот на две држави како решение за израелско-палестинскиот конфликт.

Секогаш потсетував на изјавата на (поранешниот премиер на Израел) Ариел Шарон дека Палестинците веќе имаат своја држава и дека таа се вика Јордан. Еднаш реков за време на посетата на Израел дека тие имаат можност да се инспирираат од судбината на Судетските Германци кога станува збор за Палестинците. Освен Јордан, а пустината може да се наводнува на ист начин како Израел, има и голема област на Саудиска Арабија – го повторил Земан своето предложено решение во интервју за прорускиот портал „Парламњи листа“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK