октомври 25, 2024

Голем број жители на Махачкала се упатиле кон пистата на аеродромот откако авионот од Израел слетал.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека пропалестинските демонстранти се обидуваат да стигнат до патниците кои долетале од Тел Авив на аеродромот во главниот град Дагестан.

Во вторник нова цена на парното, Бислимовски откри колку ЌЕ поскапи
Зајкова на средба со Бушез: Имаме обединета визија за Европа, која го опфаќа нејзиното реформирање, раст и проширување
Фон дер Лајен: Со нетрпение ве очекуваме во ЕУ со вашиот „посебен“ идентитет и македонски јазик
„ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ“ ЕЧЕШЕ ОД ХИМАЛАИТЕ Струмичанецот Ѓузелов и неговиот тим го освоија Ајланд Пик
Илјадници протестираа во Атина барајќи прекин на „масакрот“ на Палестинците во Газа
ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ДАГЕСТАН: Демонстрантите ја нападнаа пистата, бркајќи патници кои долетаа од Израел, вознемирувачки сцени
Медведев: „Слатката мала стара Европа“ наскоро ќе исчезне
НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ЖИВОТ НА ДРУГА ПЛАНЕТА !? Објавени шокантни информации собрани од најмоќниот телескоп во Вселената
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен, разговарале за реформите и преговорите по скринингот
Сос од кромид: Наједноставен начин да му дадете нов вкус на старото јадење
“ИЗРАЕЛ ЈА ПОМИНА ГРАНИЦАТА!“ – Земја-членка на НАТО со остри реакции за случувањата во Појасот Газа

На аеродромот пристигнаа силни полициски сили, но тоа не ги спречи демонстрантите. На снимката се гледа како тие се обидуваат да превртат полициско возило. Се гледа и дека меѓу патниците кои дошле од Израел има и деца.

Федералната агенција за воздушен транспорт наведува дека аеродромот во Махачкала е привремено затворен за пристигнувања и полетувања.

Мерките се во сила до нормализирање на состојбата. Органите на прогонот работат на лице место – се наведува во соопштението.

Агенцијата наведува дека авионите кои требало да слетаат во Махачкала биле пренасочени на алтернативни аеродроми.

Израелскиот Канал 12 јавува дека авионот потоа слетал на алтернативен аеродром, но и таму владеел хаос, а патниците биле советувани да не го напуштаат леталото и била повикана полиција да ги заштити.

Според РИА Новости, властите привремено го затвориле автопатот што води до аеродромот.

МВР соопшти дека нередите ќе одговараат кривично.

Mobs break into the Makhachkala airport, in Russia’s north Caucasus, looking to lynch Jews after rumors spread about the arrival of Jewish refugees from Israel. pic.twitter.com/stMvyqNUqv

— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) October 29, 2023

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелското Министерство за надворешни работи велат дека ги следат настаните во Дагестан и очекуваат руската полиција да ја зачува безбедноста на сите израелски граѓани и Евреи и да дејствува решително против бунтовниците.

Израел сериозно гледа на обидите да им наштети на израелските граѓани и Евреи каде било – се наведува во соопштението.

Амбасадорот на Израел во Русија, Алекс Бен Цви, работи на обезбедување на безбедноста на патниците во авионот.

Населението на руската република Дагестан главно го сочинуваат муслимани.

СЕ ОГЛАСИ И ЗЕЛЕНСКИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е згрозен од сцените во Дагестан кога палестинските приврзаници упаднаа на аеродромот во потрага по Израелците кои долетаа од Тел Авив.

Ова не е изолиран инцидент во Махачкала, туку дел од раширената руска култура на омраза кон другите народи што ја пропагираат државната телевизија, експертите и властите. Рускиот министер за надворешни работи даде низа антисемитски забелешки во текот на изминатата година. Рускиот претседател употреби и антисемитски навреди – вели Зеленски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK