октомври 24, 2024

Од 1 ноември, парното нема да поскапи повеќе од пет отсто, што значи дека зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво, изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

-Анализите се при крај, готови се во најголем дел, во текот на утрешниот ден ќе имаме подготвителна седница, а конечната одлука ќе ја донесеме во вторник. Нема да има никакви ценовни шокови, ќе биде во рамките на нормалата. Ова е тешка одлука, зашто со оваа одлука треба да вратиме шест милиона евра, кои Владата ги даде како позајмица за купување на гас во 2022 година. Тој трошок е голем и прави притисок врз цената. Во консултација со Владата, тој долг ќе се врати на неколку рати, во период од неколку години. Мора да има квалитетна испорака на топлинска енергија – рече тој на Сител.

The post Добра вест за граѓаните: Парното нема да поскапи повеќе од 60 денари по стан, вели Бислимовски appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK