октомври 24, 2024

На многумина им е малку непријатно да зборуваат за проблемите што ги имаат во брачната спална соба, па решаваат да контактираат со психолошкиот советник на магазинот The Guardian во потрага по совет. Овој пат се работи за незадоволен сопруг кој истакнува дека неговата сопруга ретко сака да има интимни односи – а кога таа може да ги има, постојат многу различни услови кои мажот треба да ги исполни.

За ова не говорат Запад, НАТО и Киев! Сандеј Тајмс: Ова се добри времиња за Русија!
Настинката никако да помине? Постојат четири причини зошто ви е продолжено кивањето
Искрена исповед на сопруг МОЈАТА СОПРУГА САКА ДА ИМАМЕ ИНТИМНИ ОДНОСИ САМО ЗА ВИКЕНДИ! 
Пронајдени антидепресиви во домот на Метју Пери: Се бара обдукција
Победете ја несоницата со храна: Овие намирници го зголемуваат нивото на мелатонин
Во вторник нова цена на парното, Бислимовски откри колку ЌЕ поскапи
Зајкова на средба со Бушез: Имаме обединета визија за Европа, која го опфаќа нејзиното реформирање, раст и проширување
Фон дер Лајен: Со нетрпение ве очекуваме во ЕУ со вашиот „посебен“ идентитет и македонски јазик
„ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ“ ЕЧЕШЕ ОД ХИМАЛАИТЕ Струмичанецот Ѓузелов и неговиот тим го освоија Ајланд Пик

Неговото писмо и болката што ја има во бракот го пренесуваме во целост.

– Ја сакам и ја сметам за уште попривлечна отколку кога се запознавме. Но, не можам да живеам со овие правила. Мојата сопруга и јас бевме во брак повеќе од 10 години, но неодамна нашите потреби тргнаа во различни насоки. Мојата желба да имам интимни односи со неа се зголемува, но не ми е возвратено. Таа рече дека можеме да имаме интимни односи само за време на викендот , но дека тоа не треба да се планира бидејќи повеќе сака спонтаност. Со оглед на тоа што имаме две деца со многу хоби и активности, како и со свои интереси, можностите за дури и планирана интимна врска се ограничени. Се напнувам од помислата дека нема интимност и може да стане прилично стресно како што поминува викендот. Секоја сугестија дека би можеле да го направиме ова во работен ден веднаш се отфрла. Ја сакам мојата сопруга длабоко и ја сметам за уште попривлечна отколку кога се запознавме. Но, оваа ситуација е многу тешка и не сум подготвен засекогаш да водам незадоволителен интимен живот – напиша тој.

Тој се пожалил во писмо барајќи совет, а психотерапевтот Памела Стивенсон Коноли му го напишал следниот одговор.

– Интимните односи можат да станат царство каде парот се бори за моќ, а тоа може да важи и за вас и за вашата сопруга. Со оглед на вашиот зафатен живот, со стресот и неизвесноста од вашите семејни обврски, не сум изненаден што се чувствувате фрустрирано и без можности. Многу е веројатно вашата сопруга да одбие да има интимни односи бидејќи во реалноста е уморна, преокупирана или преоптоварена. Наместо да се обидувате да ги задоволите нејзините барања или да преговарате за вашето време за интимност, мислам дека најдобро би било да се обидете да ја погледнете пошироката слика – идеално направено преку советување за парови. Веројатно постои некаков дисбаланс меѓу вас кој се манифестира во спалната соба и би било важно да се дојде до заклучок за сето тоа пред да се обнови вашиот интимен живот, одговорил психотерапевтот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK