октомври 24, 2024

Не можете да ја испуштите од рака ќесичката чипс? Науката вели дека проблемот не е во вас, туку во нездравата храна. Ултра преработената храна или „UPF“ создава зависност како никотинот, кокаинот или хероинот, велат експертите.

Новата анализа на 281 студија во 36 различни земји покажува дека неверојатни 14 отсто од возрасните се зависни од ултра преработена храна. Откритието е шокантно кога знаеме дека ултра преработената храна, која вклучува колбаси, сладолед, кекси, безалкохолни пијалоци и зашеќерени житарки, е поврзана со когнитивен пад, рак, психолошки проблеми, па дури и рана смрт.

„Се чини дека комбинацијата на рафинирани јаглехидрати и масти кои често се наоѓаат во ултра преработената храна може да го зголеми потенцијалот за зависност од овие намирници“, напишале авторите на студијата во својот наод објавен во „The BMJ“.

Еден од авторите на студијата, Крис ван Тулекен, изјавил за „The Guardian“: „Ултра преработената храна кај многумина предизвикува зависност. Кога луѓето стануваат зависни од храна, речиси секогаш станува збор за ултра преработена храна“.

Производите кои предизвикуваат зависност немаат ист ефект кај сите
Зошто е тоа така, останува мистерија. Научниците се сомневаат дека само една состојка може да предизвика зависност.

„Консумирањето ултра преработена храна предизвикува наплив на допамин, кој нагло опаѓа со текот на времето, што резултира со ненадеен циклус на копнеж – слично како кај некој кој е зависен од алкохол или дрога. Иако сами по себе веројатно не создаваат зависност, адитивите во храната би можеле да бидат зголемувачи на калориските ефекти“, забележал истражувачкиот тим.

Според Ван Тулекен, производите кои создаваат зависност немаат ист ефект кај сите.

„Речиси 90 отсто од луѓето можат да пробаат алкохол и да не развијат проблематична врска. Така некој ќе изеде шака чипс и ќе се задоволи, додека некој можеби нема да има толку среќа“.

Повеќето намирници се безбедни во умерени количини. „Healthline“ наведува дека повеќе од 10 до 20 отсто од калориите кои ги внесуваме не би требало да доаѓаат од преработена храна.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK