октомври 25, 2024

Израелските одбранбени сили денеска беа во заседа од милитанти на Хамас кои излегоа од тунел во близина на границата на Појасот Газа!

Воената команда објави драматична снимка на која се гледаат тенкови и булдожери како се фрлаат низ северниот дел на Појасот Газа, а копнените сили наводно убиле неколку милитанти за време на судирите, според Дејли Меил.

ОЈО ГОКК во акција „Синџир“ против злоупотреби на јавните финансии се приведуваат лица, се вршат претреси
ПРИЈОВИЌ ГО ПРЕКИНА КОНЦЕРТОТ ВО САРАЕВО, ВЕДНАШ ГО ПОВИКАЛА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОРАДИ ДВЕ ОБОЖАВАТЕЛКИ
ЕРДОГАН ТАГУВА ПО ОТОМАНСКА ТУРЦИЈА, СЕ ПОТСЕТИ ДЕКА СКОПЈЕ БИЛО ДЕЛ ОД ИСТАТА!
Албанските медиуми остро ја осудија Рита Ора по фотографијата со Ѓоковиќ: „Симбол за продажба“
Првото огласување на семејството на Метју Пери: „Срцето ни е скршено“
Фон дер Лајен: Не мора да чекате датум можете и да побрзате да одите напред
Амнестии на Иванов: Адвокатот Наумовски ја повлече иницијативата
ХАМАС ВОЗВРАТИ: Конвој со оклопни возила на ИД падна во заседа источно од Газа! РАКЕТА ПОГОДИ КАМИОН ПОЛН СО ВОЈНИЦИ
Најмалку 60 лица приведени по инцидентот на аеродромот во Махачкала

– Војниците кои оперираа во близина на преминот Ерез идентификуваа неколку терористи кои излегоа од тунелот во Појасот Газа. Тие влегоа во битка убивајќи неколку терористи и ранувајќи други. Во исто време се случија уште неколку битки во кои беа елиминирани терористите – соопштија израелските сили во објава на социјалната мрежа Х.

Се огласи и военото крило на Хамас.

Нашите борци моментално се во тешки борби со митралези и противтенковско оружје со окупаторските (израелски) сили во северозападниот дел на Газа – изјавија бригадите Ал Касам.

Хамас претходно објави видео на кое се гледа ноќен судир источно од Газа.

На видеото се гледа како проектил истрелан од преносниот систем „Корнет“ директно погодува колона израелски оклопни возила. Според неофицијални информации, проектилот погодил оклопен камион „Пантер“ кој може да превезе 12 војници.

ИД засега не објави никакви загуби.

Да потсетиме, израелските воздухопловни сили употребија бомба позната како „пробивач на бункер“ во напад на мрежата тунели што ја користи палестинската екстремистичка организација Хамас во Појасот ГаЗА.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK