октомври 25, 2024

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија.

Георгиевски не настапи во финалето поради повреда.

– Го откажавме финалето поради повреда и не освоивме трето злато на Г1 за нешто повеќе од еден месец. Се надеваме дека снимката на шаката нема да покаже посериозна повреда, информира тренерот на Дејан, Борче Костовски.

До медалот Георгиевски стигна со три победи: против Мануел Полет од Белгија, Андриј Харбар од Украина и Емре Кталмиш од Турција.


The post Дејан Георгиевски освои сребро на турнир во Букурешт appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK