октомври 25, 2024

Судењето против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која е обвинета за проневера во службата со сомнение дека крадела цитостатици е одложено за 4 декември, информираат од Основен Кривичен суд Скопје.

„ШАНИ Е УБИЕНА САДИСТИЧКИ“: Претседателот на Израел откри ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ за смртта на младата германска уметничка киднапирана од Хамас
“КАДЕ ИСЧЕЗНАА 1,5 МИЛИОНИ ЛУЃЕ !?“ – Цела држава е во неверување поради пописот, а се шират и морничави теории на заговор
Нови цени на бензините од полноќ
Судењето против медицинската сестра од Онкологија одложено за 4 декември
ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ОСЛОБОДИ ЕДЕН ЗАЛОЖНИК: Девојка е спасена по жесток ноќен судир со милитанти во Појасот Газа (ФОТО)
Конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до скок на цените на суровините!
Негувателката која им даваше на децата да пробаат електронски цигари доби кривична пријава
Османи: Европската агенда на Македонија мора да биде приоритетна за сите политички актери
Белата куќа најавува чекори за борба против „алармантниот“ пораст на антисемитизмот во САД

– Главната расправа за предметот со К.бр. 1990/23 против А.О. за кривичното дело Проневера во службата од чл. 354 ст.1 од КЗ, а поврзано со работењето во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија Скопје, се одложи, стои во соопштението од Кривичен суд.

Причина за одлагањето, како што констатира Судот, е тоа што Јавниот обвинител не примил уредна покана заради штрајк на јавно обвинителската служба, како и отсуство на обвинетата за која не е вратена достава за прием.

– Присутен на расправата беше адвокат на обвинетата, ангажиран од семејството, со уредно полномошно, дополнуваат од Кривичен.

Според обвинението, обвинетата, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена во вкупна вредност од 59 760 денари кои ѝ биле доверени во службата. Ампулите ги изнесувала од работното место, а потоа ги оставала во автомобил со намера да ги предаде на друго лице.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK