октомври 25, 2024

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската Унија по создадениот геополитички и безбедносен контекст претставува извонреден повик за сите земји кои се стремат за европска интеграција. Во овој контекст, време е сите политички чинители да се обединат за европската агенда на Македонија, како приоритетна агенда на сите чинители во државава, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешната дискусија со граѓани насловена „Новите геополитички случувања и влијанието врз Македонија“, организирана од Институтот за европска политика.

„ШАНИ Е УБИЕНА САДИСТИЧКИ“: Претседателот на Израел откри ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ за смртта на младата германска уметничка киднапирана од Хамас
“КАДЕ ИСЧЕЗНАА 1,5 МИЛИОНИ ЛУЃЕ !?“ – Цела држава е во неверување поради пописот, а се шират и морничави теории на заговор
Нови цени на бензините од полноќ
Судењето против медицинската сестра од Онкологија одложено за 4 декември
ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ОСЛОБОДИ ЕДЕН ЗАЛОЖНИК: Девојка е спасена по жесток ноќен судир со милитанти во Појасот Газа (ФОТО)

-Она што е различно овој пат, на нашиот европски пат, кој воедно е своедна раскрсница за нас, е тоа што кај нас е топката дали ќе успееме во овој геополитички момент, во овој временски теснец да се протнеме низ вратата на ЕУ која води кон забрзана интеграција за државите со докажан проевропски курс. Тоа претпоставува усвојување на уставните измени за да можеме да чекориме напред во нашиот пристапен процес, рече Османи, соопшти МНР.

Доколку не успееме да се качиме на тој воз, според министерот за надворешни работи, ќе ја следиме траекторијата на движење на оние држави од Западен Балкан, кои многу мачно и бавно ќе се движат во поглед на идно членство на ЕУ, бидејќи ќе влеземе во групата на држави од регионот што имаат отворени билатерални прашања кои треба допрва да ги решат пред да продолжат со евроинтеграцијата.

Повторното отворање на билатералните прашања со Бугарија, додава тој, нема да биде поповолно од она што сега е.

Од друга страна, според министерот, принципот на заслуги мора да остане апсолутен императив во односите меѓу Унијата и земјите кандидати.

-Kога нашите земји ќе ги испорачаат сите во нивните досиеја, ЕУ мора да испорача. Ова е крајниот мотиватор и се надеваме дека ЕУ ќе може да донесе важни одлуки за регионот во декември, оваа година, вели Османи, кој се осврна и на други актуелни прашања од надворешната политика на земјата.

На настанот кој се одржа на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје со свои видувања учествуваа и професорот од овој факултет Ненад Марковиќ, кој е и член на Совет за безбедност и Весна Попоска, деканка на Правниот факултет на Меѓународниот универзитет „Визион“, стои во соопштението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK