октомври 25, 2024

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со царински службеници од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, на повеќе локации во Скопје спроведоа мерки и активности за сузбивање на криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.

При контролата на Бит Пазар во Скопје констатирано е дека повеќе физички лица на импровизирани тезги вршат недозволена продажба на режан тутун, а со тоа избегнуваат плаќање акциза, како и поголема количина на пиротехнички средства, кои се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, како и глоби од пазарните инспектори.

Голема количина режан тутун и цигари се одземени и од пет физички лица кои вршеле продажба на импровизирани тезги пред зелениот пазар во Тетово, како и кај две лица на пазарот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје. На Зелен пазар во Скопје пак се одземени околу 180 килограми режан тутун, за што исто така ќе следуваат соодветни поднесоци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK