октомври 25, 2024

Ќе уживате во мекиот вкус на овој необичен, но многу здрав појадок. Омлетот спаѓа во еден од најчестите појадоци, кој можете да го правите со различни додатоци, а добро ќе ве нахрани и ќе ви даде доволно енергија за целиот ден.

Омлетот се подготвува брзо, не одзема многу време, но често се случува да нѝ здодее ова вкусно јадење.

Затоа, овој многу едноставен рецепт ќе ви помогне да подготвите воздушест омлет кој ќе ги задоволи сите ваши сетила.

Начин на подготовка:
Земете два сада и во едниот одвојте ги белките, а во другиот жолчките (3 жолчки и 5 белки). Прво, изматете ги жолчките за да добиете густа смеса, а потоа изматете ги белките за да добиете смеса како шлаг.

Потоа, префрлете ги жолчките во смесата со белките, добро измешајте и ставете ја смесата во намастено тавче со путер.

Овој омлет не треба да го превртувате, туку само да го поклопите со капак и да го оставите да се испече на тивок оган.

По 5 минути, додајте сол и бибер одозгора, исклучете го шпоретот и префрлете го омлетот во чинија, преклопен. Ќе добиете неверојатно јадење со фантастична воздушеста текстура.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK