Жител на Скопје минатата година остварил и пријавил 446 милиони денари годишен бруто доход. Највисока годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари, покажуваат податоците што ги објави денеска на прес-конференција Управата за јавни приходи.
Скопјанец лани заработил неверојатни 7,5 милиони евра
Хакери добиле пристап до електронските адреси на 632.000 американски федерални службеници
Предлог законот за амнестија во четврток на собраниска седница, за судската власт со законот се врши упад во судството
Николова: Нема проекти, нема резултати во општина Аеродром
Солидарен данок не платиле 52 обврзници, ќе им бидат блокирани сметките на 24 ноември
Форбс: Украина загуби една петтина од „леопардите“
Таа извика „Алаху акбар“! Застрелана жена во Париз, се заканувала дека ќе се разнесе!
„КАКО ДА Е КРАЈ НА СВЕТОТ“ Страшно невреме ја опустоши Хрватска, градот уништи се: Дали невремето доаѓа на кај Србија? (ВИДЕО)
Шок откритие од ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ! Војниците признаа нешто што Киев го крие!
Како што информира директорката на УЈП Сања Лукаревска, највисокото лично примање по основ на извршена работа го пријавил граѓанин од Скопје и изнесува 280,6 милиони денари на годишно ниво, а доходот е остварен во странство. На врвот на листата за исплата на највисок доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани, а највисокиот износ е 61,9 милиони денари.
Во 10- топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија и од дејноста производство на анбалажи од хартија. Највисокиот доход од продажба на земјоделски производи е во износ од 18,9 милиони денари, а ја остварил жител на Скопје.
Највисоката капитална добивка минатата година изнесува 173,4 милиони денари, а е остварена и пријавена од граѓанин на Скопје кој продал удел во трговско друштво чија дејност е производство на филмови, видео филмови и телевизиска програма.
Највисоката исплатена дивиденда е во износ од 229,6 милиони денари на граѓанин на Скопје, кој се јавува како сопственик на удел во компанија чија дејност е болници.
Најмладиот милионер кој остварил најголема добивка во денари има само девет години.
Следете не, не има насекаде