октомври 25, 2024

По социјалните мрежи кружи фотографија од ранетиот Раде Трајковски-Штекли кој се уште се наоѓа во болница по по неодамнешниот втор обид за негова ликвидација во „Ист Гејт Мол“.

Сликата е направена од болничкиот кревет на Штекли во болницата „Св.Наум Охридски“ во Скопје, при што може да се види како членот на скопското подземје позира насмеан. Исто така видливи се преврски во пределот на градниот кош.

Ова беше второ пукање во истиот мол во Штекли, а првото беше на 25 август. Овој пат беше ранет и неговиот другар Д.Т. со прекар „Колумбо“, роден 2002 година.

Од Обвинителството и МВР засега без детали кој сакаше да ги убие двајцата.

Трајковски неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во „Шутка“ за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли, според информациите, денеска ја напушта болницата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK