септември 23, 2024

Кристијано Роналдо веќе денеска би можел да потпише седумгодишен договор вреден 1,4 милијарди евра.

Како што е веќе познато, Саудиска Ал Наср подготви две и пол годишен договор за Роналдо вреден 200 милиони евра по сезона, но денес Марка објави нови податоци кои се навистина неверојатни.

Имено, Роналдо со Ал Наср ќе потпише седумгодишен договор. Во првите две и пол години Роналдо ќе биде играч, а остатокот од договорот ќе биде амбасадор на Саудиска Арабија во обид да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година.

Според Марка, Роналдо за играчкиот дел од кариерата ќе добива по 200 милиони евра по сезона, додека за амбасадорската улога ќе добива повеќе пари.

Тоа значи дека Роналдо играјќи за Ал Наср ќе инкасира 500 милиони евра, а потоа во својата амбасадорска улога од Саудиска Арабија ќе добие најмалку 900 милиони евра или вкупно најмалку 1,4 милијарди евра.

Марка наведува дека трансферот би можел да биде официјализиран уште денеска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK