октомври 25, 2024

Анџелина Џоли повика на прекин на огнот и ги нарече светските лидери соучесници во злосторствата во Газа.

Таа подвлече дека Газа е отворен затвор во последните 20 години и дека денес брзо се претвора во масовна гробница, јавува „Анадолија“.

„Додека светот гледа и со активна поддршка од многу земји, милиони палестински цивили масовно се казнуваат и обезличуваат додека им се одбива храна, лекови и хуманитарна помош што го крши меѓународното право“, рече Џоли.

Таа повика и на прекин на огнот.

„Со одбивањето на барањата за хуманитарен прекин на огнот и спречувањето на Советот за безбедност на ОН да наметне прекин на огнот на двете страни, светските лидери се соучесници во овие злосторства“, рече Џоли.

Министерството за здравство во Газа објави дека израелски воени авиони во средата го бомбардирале бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа.

The post Анџелина Џоли повика на прекин на огнот и ги нарече светските лидери соучесници во злосторствата во Газа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK