октомври 25, 2024

Неколку македонски филмови беа прикажувани минатата недела на филмската смотра на македонскиот филм во Торонто.

„Гласот на Америка“ од лице место следејќи го настанот јави дека имало редици на билетарите, а сподели и видео со импресии на присутните гости на фестивалот.

18. издание на фестивалот го отвори „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски, а го затвори „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски. Селектирани беа и кратките филмови „Северен пол“ на Марија Апчевска и „Баскет“ во режија на Димитар Банов.

„Извонреден настан, не само за македонската заедница, туку и за градот Торонто. Можност да ја претставиме нашата храна, култура, музика, филм. Да покажеме дека имате талентирани филмаџии“, велат посетитети со кои разговораше „Гласот на Америка“ на отворањето на Фестивалот во центарот на градот.

Брилијантно е да се види културното наследство, за минатото, сегашноста, иднината, потенцира организаторката Вирџинија Еванс.

Македонскиот филмски фестивал ќе расте, само ако расте бројноста на публиката, рече организаторката Вирџинија Еванс, која речиси две децении неуморно работи на реализирање на филмската смотра, која секоја година, традиционално, се одржува во оваа метроропола за филмот во Канада, јави „Гласот на Америка“.

Текстот (Видео) Македонски филмови се прикажуваа на фестивал во Торонто, се чекаше редица за билет повеќе е превземен од МАКФАКС.

The post (Видео) Македонски филмови се прикажуваа на фестивал во Торонто, се чекаше редица за билет повеќе appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK