октомври 5, 2024

Вистинска драма се случуваше попладнево на скопската улица Орце Николов, каде повозрасен човек, веројатно со намера да си го одземе животот, скокнал од балкон од зграда, објави Локално.

Човекот бил спасен со брза реакција на неколкумина минувачи и луѓе од блискиот дуќан, на кои тој буквално им скокнал во раце.

По ова, иако полесно повреден од падот, зашеметениот човек појде кон автомобилите на раскрсницата на улиците „Рузвелтова“ и „Орце Николов“, со очигледна намера да си наштети, но присутните уште еднаш го спречија во намерата.

Насобраните граѓани веднаш пријавија во полиција и брза помош.

The post Драма во Центар: Старец скокна од балкон за да се самоубие, случајни минувачи го спасиле appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK