Кошаркарите на Милвоки бакс како гости ја добија возбудливата и до крај неизвесна пресметка со Далас маверикс (106-105), во меч во кој домашниот тим беше подобар во поголемиот дел, но не го издржа налетот на „елените“ во последната четвртина (33-21).
Тоа воедно беше „војна“ на двајца од најдобрите кошаркари во НБА, јанис Адетокумпо и Лука Дончиќ, која Словенецот ја доби на индивидуален план со 33 поени и 11 скока, но Грчкиот Ѕвер на крајот се радуваше. Јанис средбата ја заврши со 28 поени од кои половина постигна во последната четвртина, кога беше решен натпреварот.