јули 6, 2024

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го отвори првиот почесен конзулат на Република Македонија во регионот на Едрене, Република Турција.

Во рамките на посетата, Османи ќе има средба и со валијата на Едрене, Хусејин Куршат Кирбијик, како и со наши студенти кои студираат на Универзитетот Тракија во овој град.

Градот Едрене како трговски центар има континуирана растечка индустрија и отворањето на почесниот конзулат токму во овој град дополнително ќе ги зајакне, трговските, културните и туристички врски меѓу Македонија и овој регион на Турција, соопшти МНР.

Почесен конзул на Република Македонија во Турција со јурисдикциско подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, со седиште во Едрене, е Есер Џевахир. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK