октомври 27, 2024

Се појавија страшни детали за убиството на ученик (15) во училиште во германскиот град Офенбург .

Да потсетиме, Матеј З.(15) со пиштол го застрелал својот врсник Павлос (15), кој неколку часа по делото починал од повредите.

Деветтоодделенецот Матеја З, за кој германските медиуми пишуваат дека е по потекло од Косово , утрото го извадил пиштолот на својот дедо од заклучениот плакар и отишол на училиште, но сега се испостави дека тој имал поинаков план.

ОВА ГО ИМА САМО НА БАЛКАНОТ – Пијан поштар делел туѓи пензии на гости во кафана
Сите маркети го користат овој трик за да ве „излажат“ да купите повеќе намирници: Ова сигурно го немате забележано
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров во Скопје на Самитот на ОБСЕ
Ученикот кој го убил својот другар бил инспириран од масакрот во Белград: Детали за злосторството во Германија
ХРВАТСКА: Уапсен поранешен заменик градоначалник на Задар, се обидел да го убие својот брат!?

ПРЕМИНА НА ПЛАН Б

,,Офенбургер Тагеблат” наведува дека Матеја прво ја полил својата жртва со запалива течност и се обидел да го запали, но запалката наеднаш му откажала среде училница!

При претресот на училиштето, полицијата пронашла шише во кое се посомневало дека е запалива материја, додека неговата мајка (42) за германски Билд изјавила дека полицијата ја прашала за запалливата течност и изјавила дека единствената запалива работа која ја имале дома била масло за јадење.

Таа потврдила и дека оружјето е пиштолот на дедото на Матеј, кој момчето тајно го зел иако бил заклучен.

CИТЕ НИЕ НОСИМЕ ОДГОВОРНОСТ

– Да, оружјето е од нашата куќа, за што сите сме одговорни, но пиштолот бил под клуч – рекла мајката и додала дека Матеј никогаш претходно немал врска со оружје.

Таа изјавила и дека не знае кој би можел да биде мотивот и дека може само да погодува.

– Неодамна имаше пукање во училиште во Србија и тој ги следеше вестите. Тој, исто така, ги гледаше тие хорор сцени на TikTok. Пред два месеци ми кажа дека видел на ТикТок како четиринаесетгодишно момче убило врсник во Лора поради долг од 60 евра – се присетува мајката.

Германската полиција навела дека мотивот би можел да биде љубомора или насилство од врсници.

Соучениците на Павлос изјавиле дека тој и Матеј биле вљубени во иста девојка. Мајката вели дека слушнала дека имало тепачка поради девојчето, но се сомнева дека тоа би можело да биде мотивот.

ВО ТЕКОТ НА ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА СТАНА МИСТЕРИОЗНА

– Од почетокот на учебната година беше прилично таинствен. Тој едвај зборуваше. Сигурно нешто се случило на училиште. Дали има некаква уцена или некаков потсмев? Сето тоа се шпекулации – рекла мајката и додала дека Павлос никогаш не му бил пријател.

На крајот додаде дека и’ било кажано дека може да го види дури на 22 ноември:

– Не знам како ќе се снајде со сето ова – рече таа на крајот.

Полицијата во петокот им ги одзеде мобилните телефони и компјутерите и им изрече привремена забрана за контакт со синот кој е во притвор.

– Жал ми е за момчето и неговото семејство. Матеј е моето единствено дете – додаде мајката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK