октомври 27, 2024

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и дали ќе присуствува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, Османи посочи дека се уште нема потврда за доаѓањето на Лавров во Скопје.

ОВА ГО ИМА САМО НА БАЛКАНОТ – Пијан поштар делел туѓи пензии на гости во кафана
Сите маркети го користат овој трик за да ве „излажат“ да купите повеќе намирници: Ова сигурно го немате забележано
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров во Скопје на Самитот на ОБСЕ
Ученикот кој го убил својот другар бил инспириран од масакрот во Белград: Детали за злосторството во Германија
ХРВАТСКА: Уапсен поранешен заменик градоначалник на Задар, се обидел да го убие својот брат!?

Ние ги процесуираме барањата на сите членови на руската делегација за визи и за доаѓање во Македонија. Во моментот кога ќе имаме решение сигурно ќе информираме, посочи министерот Османи.

Во однос на учеството на Русија на Министерскиот состанок на ОБСЕ, Османи минатата недела на средба со новинарите рече дека добил писмо од рускиот министер Лавров во кое покажал интерес и барање да се обезбеди негово присуство во земјава, но оти, во однос на тоа постојат одредени предизвици, бидејќи македонскиот воздушен простор е затворен за државни руски авиони.

На Министерскиот состанок на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје од 29 ноември до 1 декември ќе учествуваат 76 делегации од земји-членки и партнери на ОБСЕ, а се очекуваат околу 1.000 гости.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK