октомври 27, 2024

Во денешното гостување во Тешки муабети, Мирка Велиновска открива детали за средба меѓу сегашниот претседател на САД, Џо Бајден и поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Велиновска открива детали за заканите од Бајден кон Груевски и притисокот за промена на уставното име на Република Македонија.

Велиновска го коментира и односот на партиите кон актуелните случувања и губењето на довербата кај народот.

– СДСМ не е партија, туку е дијагноза, но многу брзо дијагноза стана и ВМРО-ДПМНЕ. Ја испоганија кратенката ВМРО, изгубија ориентир што и кого треба да застапуваат, тргнаа по патот на другите дегенерици.

Македонскиот избирач како суверен не ги познава политичките партии туку ги гледа како нелегално отворени дуќани, гранапи, се што е расипничко и неодговорно се одразува на секојдневниот живот во Македонија,

Во депресија тешка падна македонскиот суверен народ, престана да верува во себе. Колку години е Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ, уште тој човек се нема осмелено да спомене во една реченица да спомене “македонскиот народ”, вели Велиновска.

Во врска со средбата Груевски-Бајден открива дека Бајден отворено му се заканувал на Груевски и вршел притисок за промена на името.

– Бајден му вели “сменете го името”. Груевски му одговара “Нема да го смениме”. Бајден инсистира дека ќе го сотре, му се дерел, му се заканувал, има сведоци, цела делегација била таму. “Ако продолжиш да се буниш ќе те сотреме, ќе те убиеме и тебе и жената и децата”. Груевски му одговорил “Ако е Божја волја тоа, нека биде”. Надвор делегацијата со мек стомак се истурила од повраќање, има сведоци за тоа, вели Велиновска.
На Македонецот дај му плата и од 2.000 евра ако сакаш, пак ќе избега, а еве и зошто …На Македонецот дај му плата и од 2.000 евра ако сакаш, пак ќе избега, а еве и зошто …
10 Foods That Unclog Arteries (Most People Ignore)
Crowdy Fan
Ова ли е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател?!Ова ли е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател?!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK