октомври 27, 2024

Сепсата кај новороденчето од Прилеп предизвикана од „ешерихија коли“
– Постојат работи кои не се направени како на пример посуптилни анализи кои укажуваат дека внатре се криела бактерија, која кај новороденчињата се шири со светлосна брзина, појаснува таа.
Бактеријата „Ешерихија коли“ ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп, доктор Аспазија Софијанова, шеф на неонаталната интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што почина бебе

Таа посочи дека бебето било донесено од Прилеп на Детската клиника во Скопје во тешка состојба со откажување на бубрезите и на белите дробови.

-Се работи за новороденче во извонредно тешка состојба, со откажани бубрези, и во една многу лоша пребоеност на кожа и тешко дишење, тоа укажува дека страда. Прво го ставиме на неинвазивна вентилација и на ренген се виде дека има белодробно замачкување што во превод значи некој вид на инфекција. Детето било со инфекција од претходните четири дена или од мајката при раѓање или во текот на првите четири дена, појаснува Софијанова.

Додава дека состојбата кај новороденчето не била добро забележана од страна на медицинските лица во Болницата во Прилеп.

– Постојат работи кои не се направени како на пример посуптилни анализи кои укажуваат дека внатре се криела бактерија, која кај новороденчињата се шири со светлосна брзина, појаснува таа.

Директорката на Клиниката, д–р Стојка Нацева-Фуштиќ во разговор за МИА вели дека новороденчето било примено во тешка здравствена состојба, со нарушена свест, нерегуларно дишење и дека веднаш било однесено на одделот за интензивна терапија. Дадена му била респираторна поддршка во почетокот со неинвазивна вентилација, а потоа до вечерта било поставено на механичка вентилација.

-Она што сме добиле како микробиолошки наод е позитивна Ешерихија коли во дишните патишта, додека двете хемокултури останаа стерилни, односно немаме изолација на бактерија од хемокултурата, тоа не значи дека сепсата не била причинета од бактериски причинител, очигледно е дека по клиничката слика и биохемиските наоди, односно високите вредности на прокалцитонин како ран маркер на неонатална рана сепса, меѓутоа детето во Прилеп примало антибиотска терапија која не знам колку пати е дадена, меѓутоа антибиотксата терапија може да го негативизира наодот, изјави Нацева-Фуштиќ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска извести дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK