октомври 27, 2024

Познатата фолкерка Ана Бекута сними нов спот, а снимките од него стигнаа до јавноста. Ана Бекута била во кафеана со музичари и статисти, а поради една ситуација не можела да ја тргне насмевката од лицето.

Мажот ја запросил Ана според сценариото на видеото, па и ставил прстен на раката, што особено им било убаво на сите на сетот.

Атмосферата беше одлична, а судејќи по клиповите кои завршија на социјалните мрежи, сите одлично се забавуваа.

Песната се вика „Не ни даваат да остариме заедно“, а нема сомнеж дека кадрите од спотот ќе бидат интересни.

Можеби не сте знаеле но вистинското име на познатата фолк- пејачка Ана Бекута е Надежда Нада Полиќ. Таа веќе со години важи за една од нaјсексапилните баби на естрадата, а со својот изглед се уште привлекува внимание каде и да се појави.

Таа на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм неодамна објави фотографија стара преку четири децении на која позира со школска пријателка.

Ана Бекута (лево) со пријателка од 1974 година. Фото: Инстаграм/ Ана Бекута
Бекута на фотографијата има само 15 години, а под неа напиша „Се во мојот живот стекнав сама“.

Од фотографијата ретко кој би ја познал пејачката што е сосема разбирливо кога се толку многу години во прашање, но како што вели еден нејзин обожавател на социјалните мрежи: „Дама се раѓа, а не се станува“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK