октомври 27, 2024

Европскиот суд за човекови права утврдил дека на ексминистерот за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор, дознава „Скопје1“.

„Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП.
Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права.

Европскиот суд, според извори на „Скопје1“, прифатил и дека Јанакиески претрпел штета поради незаконските притвори.

Детали за пресудата ќе соопштат адвокатите на Јанакиески во текот на денот.

The post Европскиот суд пресече: Јанакиески незаконски бил држен во притвор appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK