октомври 27, 2024

Британскиот крал Чарлс Трети денеска го слави својот 75-ти роденден и ќе започне нова програма за борба против сиромаштијата и намалување на фрлањето храна.

Кралот Чарлс, кој е еколошки активист и поддржувач на одржлива економија повеќе од пет децении, денеска официјално ќе го започне проектот „Cronation Food“, објави Ројтерс.

Чарлс во една статија за магазинот Big Eye, кој вообичаено го продаваат бездомниците, напиша дека се надева дека новиот проект ќе најде практични начини за дистрибуција на вишокот храна на оние на кои им е најпотребна.

Денеска, придружуван од неговата сопруга, кралицата Камила, тој ќе посети центар за дистрибуција на вишок храна и ќе се сретне со претставници на големите британски супермаркети за да разговараат за тоа како неговиот проект може да помогне во прераспределбата на храната што инаку би одела на отпад.

Хуманитарните организации најавија дека поради зголемените трошоци за живот, бројот на луѓе кои немаат доволно храна е зголемен за 38 отсто.

Текстот Кралот Чарлс го слави својот 75-ти роденден, почнува голема програма за борба против сиромаштијата е превземен од МАКФАКС.

The post Кралот Чарлс го слави својот 75-ти роденден, почнува голема програма за борба против сиромаштијата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK