октомври 27, 2024

Министерството за внатрешни работи го потврди инцидентот во Градскиот трговски центар, кој се случи претпладнево, но не прецизираа дали станува збор за несреќен и случаен пад, или навистина жената скоканал од тарасата како што тврдеа очевидци на настанот. 

– Денеска (14.11.2023) околу 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека 55 годишна жена паднала од висина во ГТЦ. Лицето е пренесено во Ургентен центар „Мајка Тереза“ – велат од МВР.

МВР не дефинира дали се работи за обид за самоубиство или за случаен пад. Сведоци на настанот претходно посочија дека жената се предомислувала, но сепак, скокнала. Пред да скокне момче кое се затекнало на лице место се обидело да ја спаси, но не успеало во намерата. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK