мај 6, 2026

Во овој период на слави многу од домаќинките смислуваат какво предјадење можат да направат за својата трпеза.

Доколку сте во потрага по нови и едноставни рецепти, овие солени топчиња би можеле да бидат идеални за вас и одличен додаток на трпезата.

Тие се декоративни и многу вкусни, а се подготвуваат лесно и може дете да ги направи. Во секој случај, грешка нема, а може да експериментирате и да им додадете уште некоја состојка по желба.

Состојки:

6 јајца;150 грама кашкавал;150 грама сирење;300 грама сувомеснато по избор (шунка, печеница, пилешки гради);5 лажици мајонез;50 грама сусам.

Подготовка:
На најситно изрендајте го кашкавалот, тврдото сирење и варените јајца, како и сувомеснатото, па помешајте ги состојките.

Додадете го мајонезот и соединете ја смесата. Смесата поделете ја на два дела, па направете топчиња.

Половина од топчињата извалкајте ги во издробено сирење, а половина во пржен сусам.

Послужете како предјадење, на здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK