мај 22, 2024

Вчера (18.11.2023) полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти во рамки на  Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесоа кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Е.Н.(20) и Н.Н.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” член 383 од Кривичниот законик, по што лицата се изведени пред судија на претходна постапка.

Имено, на 17.11.2023 околу 13.00 часот на подрачјето на Чаир,  Е.Н. и Н.Н. физички нападнале полициски службеник кој вршел службени дејства.

По преземени мерки и активности тие биле лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK