– Голема дебата за чувствителното прашање на евтаназијата започна во Франција, откако премиерката Елизабет Борн во петокот отвори граѓанско собрание што треба да се занимава со тоа до крајот на март.
Собранието од 185 членови ќе подготви препорака за одлуката, која парламентот треба да ја донесе до крајот на следната година.
„Речиси нема почувствително и сериозно прашање од она што ви е доверено. Не можеме да ја игнорираме позицијата на оние кои бараат активна помош на крајот од животот“, рече Борн.
Во Франција е забранета активна евтаназија, односно давање средства за усмртување луѓе. Дозволена е пасивна евтаназија со исклучување на уредите кои го одржуваат човекот во живот или индиректна евтаназија, со која моќните лекови ја ублажуваат болката и го забрзуваат процесот на умирање.
Прашањето за евтаназија е контроверзно во Франција. Но, дискусиите во парламентот за промена на правната основа не вродија со плод во последните години.
Следете не, не има насекаде