октомври 28, 2024

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека е уверена оти ЕУ ќе ја поддржи кандидатурата на Украина да се приклучи на блокот следниот месец на самитот што се смета за клучна пресвртница во напорите на Киев да се интегрира со Западот.

Спасен Силјановски имал сообраќајна незгода, сите негови настапи се откажани!
Салата е демолирана и надвор од функција: Столтенберг ќе се обрати во „Голема Купола“ наместо во салата „Македонија“
Макрон понуди да лекува болни и ранети палестински деца од Газа
Германија ги поддржува намерите на Украина да стане кандидат за членство во ЕУ
СДСМ: Одговорност за дивеењето на Левица во Собранието мора да има

Претставувајќи го проширувањето на ЕУ како геостратешка неопходност, Бербок на конференцијата во Берлин рече дека блокот од 27 нации, исто така, треба да продолжи со исцрпувачките внатрешни реформи за да може да функционира со повеќе од 30 членки.

Таа рече дека ја гледа Украина како членка на Европската унија.

– Европската унија мора да се прошири, што е геополитичка последица на руската агресија врз Украина, рече шефицата на германската дипломатија.

На самитот на 14 и 15 декември лидерите на ЕУ ќе одлучат дали на Украина ќе и одобрат формален почеток на преговорите за членство, што е врвен приоритет на Киев заедно со финансиска и воена поддршка од Западот.

– Убедена сум дека Европскиот совет ќе испрати таков сигнал во декември, рече Бербок.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK