октомври 28, 2024

Под мотото „Сите сме исти, сподели среќа“, по повод одбележување на 3. декември – Денот на лицата со попреченост, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, денеска објави Јавен повик за доделување на еднократна парична помош за оваа категорија на граѓани во висина од 3.000 денари.

СДСМ: Одговорност за дивеењето на Левица во Собранието мора да има
„На зборови се обидоа да го убијат Путин 100 пати досега! Кремљ се огласи и откри што се случува!
Столтенберг пристигна во Скопје, на меѓународниот аеродром го пречека министерката Петровска
Општина Карпош ќе доделува по 3.000 денари за една категорија на граѓани – еве каде се аплицира
СИЛУВАЧ НАПАДНА ДЕВОЈЧЕ (13) И ТРИ ДЕВОЈКИ Шета низ центарот на градот, наречен по МААЛОТО во кое НАПАЃА! (ВИДЕО)

Право на остварување на еднократна парична помош имаат само лицата со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За таа намена, тие треба да достават соодветна документација до Архивата на Општина Карпош (ул. „Радика“ бр. 9, барака 2), најдоцна до 15.12.2023 година, којашто треба да содржи:

-Копија од лична карта (со која се докажува дека подносителот е жител на општина Карпош);

-Копија од трансакциска сметка (на име на подносителот на барањето);

-Наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод, за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или пак, друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост, информираат од локлната самоуправа.

Барањето (формуларот) за доделување на еднократна парична помош, граѓаните можат да го проследат на следниов линк.

За сите дополнителни информации можат да се обратат во Одделението за детска, социјална и здравствена заштита на телефонскиот број 02/3055-939.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK