мај 6, 2026

Горат 100 тони бои и лакови во пожар во тетовска фабрика. Ангелов ги повикува граѓаните да не излегуваат надвор

Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во тетовското село Фалиуше. На местото на настанот се пожарникари од Тетово, заедно со пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. На околното население им се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.
На местото на настанот е и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој го координира гаснењето на пожарот на пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми кои можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK