мај 18, 2024

Го одложуваме одењето на забар, и не обрнуваме внимание какви четки за заби користиме. Ни се создаваат наслаги, забен камен, непцата ни крварат, кариесот навлегува подлабоко во забот. Стравот и искуства во минатото не обесхрабруваат, и постојано го одложуваме одењето на стоматолог.

Но, денес стоматологијата е толку многу напредната, се работи со софистицирана опрема и технологија, што стравот е крајно непотребен, вели стоматологот Д-р Лилјана Бабамова.

Кариесот може безболно да се отстрани, а потоа забите секојдневно да ги одржуваме со ефикасните и квалитетни јапонски четки за заби кои содржат кварц, и кои кога ги користиме забите изгледаат како да се полирани.

Д-р Бабамова во својата ординација воведе иновативен метод на воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак, а може да се користи и кај деца и кај возрасни. “Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Истовремено праксата потврдува дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго.

Таа ги препорачува четките за заби со кварц Мизуха кои многу ефикасно ги отстрануваат наслагите. Тие се со најнова технологија на влакна од природна керамика и оставаат силно чувство на чистота и ефект на полирани заби. Можат да се нарачаат онлајн! Со нив наслагите полесно и побрзо се отстрануваат, а она што е интересно е дека е потребна помала количината на паста која треба да биде нанесена на работната површина на четката при четкањето.

Со секојдневна употреба на четките за заби Мизуха исчезнуваат забните наслаги, крварењето од непцата, се зголемува превенцијата за појава на гингивит и парадентоза. Делуваат антибактериски, уникатни се и даваат долготрајно чувство на чисто. Гарантираат темелно и ефикасно отстранување на забните наслагите и забниот плак, дури и од најтешко достапните места. Поседуваат јонизирачко и антибактериско дејство, допринесуваат за редуцирање на бројот на бактерии во усната празнина како и на самата четка.

Д-Р Бабамова истакнува дека не сме свесни колку се важни забите за општата здравствена состојба, и колку тие влијаат на различни органи во нашето тело. Болестите на устата и забите може да предизвикаат непријатност и болка и да бидат поврзани со други сериозни здравствени проблеми. Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата, што може да влијаат на секој аспект од животот, од лични односи и самодоверба до функционирање во училиште и на работа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK