мај 18, 2024

Замесете домашна погача од само четири состојки. Квасецот и јајцата не ви се потребни, но затоа прашокот за печиво и киселото млеко се неизбежни.

Кај ова тесто добро е што не мора да чекате да отстои, а киселото млеко го прави многу мек. Уживајте во фантастичниот вкус, а послужете го со домашно сирење и домати.

Состојки:

350 грама брашно;100 грама кисело млеко;1 лажичка прашок за печиво;100 милилитри кисела вода.

Подготовка:
Во брашното додадете го прашокот за печиво и помешајте го со киселата вода и киселото млеко.

Замесете тесто, па развлечете го со рацете колку големина на плехот во којшто ќе го печете.

Премачкајте го со млеко и со виљушка избоцкајте ја погачата. Ставете ја погачата во загреана рерна на 220 степени Целзиусови да се пече околу 40 минути.

Уживајте во вкусот!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK