октомври 28, 2024

Пред неколку дена посвоениот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс, предизвика бурни реакции кога на Инстаграм напиша остри зборови за својот татко.

Уште поголема бура во јавноста предизвика појавувањето на ќерката на холивудските актери Захара, која при приклучувањето на сестринството „Алфа Капа Алфа“ во Атланта се претстави само по презимето на нејзината мајка, а на сите им е јасно дека таа го одбила презимето Пит.

Имено, колегите на Захара од универзитетот открија што мислат за нејзините родители и покрај сите скандали кои се случија.

„Беше голема вест кога таа влезе во училиште во Атланта, а нејзината мајка е многу добра со сите кога доаѓа да ја посети. Но, искрено, сакаме да го видиме нејзиниот татко“.

Сепак, според луѓето кои имаат увид во образованието на Захара, Бред Пит засега не ја посетува ќерката.

„Беше голема приказна кога нејзината мајка ѝ помогна да се пресели во студентскиот дом минатата година“, изјавија нејзините колеги, додавајќи дека сега сите едвај го чекаат денот на дипломирањето, но ќе мора да бидат трпеливи бидејќи за тоа ќе бидат потребни години.

The post Студентите откриваат каква е Анџелина кога ја посетува ќерка си: Од Бред ниту трага, ниту глас appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK