октомври 28, 2024

Денеска се навршуваат две години од кобната автобуска несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани, а седум беа повредени. Истрагата е завршена,а според бугарските власти и бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

Македонското обвинителство потенцираше дека несреќата се случила на територија на друга држава и дека истрагата ја водат нивните бугарски колеги. Тие можат да помогнат само по барања за меѓународна правна помош.

Пет семејства на загинатите преку адвокатски тим од Бугарија веќе ја оспорија истрагата на тамошните институции.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Непосредно пред клучката Бошнек, тој излета од коловозната лента, удри во заштитната ограда, а потоа се запали при што загинаа 45 лица, од кои 13 беа деца.

Во Македонија веќе почна судски процес против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци. Само за една година, со лажна јавна исправа, автобус на „Беса транс“ 20 пати ја преминал државната граница.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK