мај 6, 2026

Oдбиено е барањето за референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија кое што го достави до Собранието на Република Македонија, претседателот на политичката партија „Десна“, Љупчо Палевски.

Откако неофицијално за референдумот требаше да се одлучува на пленарна седница на Собранието со гласање на сите 120 пратеници, сепак од собраниските служби најдоа алиби па најдоа мана во поставеното прашање.

Според одговорот од Собранието на кој потписник е пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева иницијативата не е уредна затоа што прашањето било неточно односно непрецизно.

Погледнете го одговорот во целост:

Очигледно дека Македонците повеќе немаат право на референдум во сопствената држава по однос на прашања кои директно го засегаат македонскиот идентитет, историја и култура.

Да се потсетиме дека претходно и Левица поднесе иницијатива за референдум по однос на бугарското прашање која беше исто така експресно одбиена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK