ПСЖ од непостоечки пенал досуден во 96., а реализиран во 98.минута, успеа да остане непоразен на домашен терен од Њукасл во Лигата на шампионите. Овој бод го приближи ПСЖ, а го оддалечи Њукасл во осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Голем прашина“ во англиската јавност веднаш по завршувањето на натпреварот.
„Како е можно дека ова е пенал за ПСЖ? Смешно“, напиша Линекер на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), додека поранешниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор се огласи со оваа порака: „ВАР, умри, те молам“. Во сличен тон е и пораката на на Ширер: „Какво ср..е“.
Пенал за францускиот шампион беше досуден откако топката се одби од градите на Тино Ливраменто и го погоди во лактот. Според правилата на ФИФА и УЕФА тоа не е пенал, но сепак главниот судија Полјакот Шимон Марчинијак, според многумина најдобриот судија на светот, ја прифати сугестијата на сонародникот од ВАР-собата Томаш Квјатковски и помошникот на ВАР, Иван Бебек, судија од Хрватска.
Марчинијак ја гледаше снимката и на општо изненадување ја смени својата прва одлука и досуди пенал за ПСЖ.
УЕФА, официјално се уште не се огласила за спорната одлука. Сепак, одлуката која ја донесоа луѓето од УЕФА укажува дека во Нион се свесни за големата грешка што ја направија судиите.
Судијата Квјатковски вечерва требаше да биде во ВАР-собата на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Сосиедад и Салцбург, но тој е отстранет и на неговоот место ќе биде Германецот Марко Фриц.
Од друга страна, Иван Бебек не е казнет и тој вечерва ќе биде ВАР судија на натпреварот помеѓу Бенфика и Интер.
Причината поради која Бебек не беше казнет бидејќи тој беше асистент во ВАР-собата (АВАР). Главниот ВАР судија секогаш е одговорен да го повика судијата да прегледа спрона ситуација.
Во овој случај, предлогот Марчинијак да ја погледне спорната ситуација го даде Квјатковски, па тој беше казнет со изоставување на денешниот натпревар.
The post УЕФА индиректно призна дека Њукасл е оштетен, го тргна од листата ВАР судијата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде