Рускиот тенисер Андреј Рубљов изјави дека би го позајмил бекхендот од најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.
Во разговор со медиумите во Русија тој беше прашан кој аспект од играта на Ѓоковиќ најмногу би сакал да го види во својот арсенал, а Рубљов не мораше долго да размислува.
„Кога би можел да позајмам нешто од Ѓоковиќ, би го избрал бекхендот. Тоа одлично му функционира“, изјави Рубљов.
Додаде и дека во иднина мора да го подобри својот психолошки пристап.
„Тоа е она што најмногу ми недостига во споредба со Ѓоковиќ, Медведев, Алкараз и Синер. Тие се многу постабилни психолошки од мене“, заклучи Рубљов.
The post Рубљов откри што би позајмил од Ѓоковиќ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде