септември 22, 2024

 Компанијата „Taiwan Semiconductor Manufacturing“ (TSMC) што произведува чипови е во преговори за изградба на првата фабрика во Европа, во германскиот град Дрезден, објави денеска „Фајненшал тајмс“.

Тим високопоставени претставници на TSMC ќе пристигне во Германија на почетокот на следната година за да разговараат за нивото на владина поддршка и капацитетот на локалниот синџир добавувачи на материјали за потребите на идната фабрика, пишува весникот, повикувајќи се на добро упатени извори.

Британскиот деловен дневен весник не прецизира дали владината поддршка за TSMC ќе биде федерална, регионална или локална.

Тајван и Европската унија во јуни одржаа трговски разговори на високо ниво.

Компанијата TSMC, најголемиот светски производител на чипови и највредната компанија во Азија, минатата година посочи дека е во фаза на анализи за потенцијално проширување на своите капацитети во Германија. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK