декември 3, 2024

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште

Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор. – …
Папата: Не ме пуштаат да одам во Дубаи. Имам акутен бронхитис, но сè уште сум жив

Папата Франциско во четвртокот рече дека има многу заразна и акутна форма на бронхитис што го спречи да отпатува во Дубаи на климатскиот самит COP28, но исто така …

Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.

– Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.

Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK