декември 5, 2025

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека на денешната средба во Ерусалим со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакнал дека ќе продолжи војната против Хамас. Средбата Нетанјаху – Блинкен се одржа неколку часа откако Хамас презеде одговорност за денешниот напад во Ерусалим, при што загинаа тројца Израелци.

ЈУЖНА АМЕРИКА НА РАБОТ НА ВОЈНА! Бразил ја испрати војската на граница, конфликтот меѓу двете земји се заканува да се разгори

Според некои извештаи, војниците од Гвајана и Венецуела веќе се судриле Бразилското Министерство за одбрана најави распоредување на војници на нејзината северна граница како превентивна „одбранбена мерка“ …
ЛАВРОВ ПОНИЖЕН И БОЈКОТИРАН – Хаос во Скопје поради изјавите на првиот човек на руската дипломатија: „ОБСЕ е пред колапс“

Mинистерot за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, денес изјави дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е пред колапс и дека Запад ги …

– Ова е истиот Хамас. Тоа е истиот Хамас што го изврши ужасниот масакр на 7 октомври, истиот Хамас што се обидува да не убие насекаде, му рекол Нетанјаху на Блинкен.

Нетанјаху наведува дека на Блинкен му кажал и дека Израел и тој се заколнале оти ќе го уништат Хамас.

– Ништо нема да не спречи … Војната во Газа ќе продолжи сè додека Израел не ги ослободи сите свои заложници, не го победи Хамас и не гарантира дека никогаш повеќе нема да има слична закана од Газа, истакна Нетанјаху.

Блинкен, како што соопшти Стејт департментот, упати апел Израел да ги преземе сите мерки за заштита на цивилите во јужниот дел на Појасот Газа.

Блинкен го истакна императивот да се земат предвид потребите за хуманитарна и цивилна заштита во јужниот дел на Газа пред какви било воени операции таму, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK