декември 5, 2025

Израелските заложници Миа Шем (21) и Амит Сузана (40) се ослободени денеска, потврди израелската армија.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека Хамас прво ги предал жените на Црвениот крст, а потоа израелските сили се грижеле за нив.

ЕСТОНИЈА ОДЛУЧИ: Ќе ја затвориме границата со Русија

Естонија е подготвена да ја затвори границата со Русија поради мигрантската ситуација. Официјален Талин ја гледа таа ситуација како „хибридни напади“ врз Естонија, објави денеска естонскиот министер за надворешни работи Маргус Чакна. Тој ја опиша ситуацијата на руско-финската граница како …

Во моментов тие се префрлаат на израелска територија. Се очекува да бидат донесени во базата Хацерим во јужен Израел.

Таткото на Миа е пресреќен што неговата ќерка се враќа дома. Инаку, дотичната девојка има француско-израелско државјанство.

Hamas releases its first footage of a hostage. The group says it is providing medical treatment to her. Though I think this is a poor attempt to show they are treating the hostages well. The hostage appears to be Israeli. pic.twitter.com/JDATGYenCr

— Joe Truzman (@JoeTruzman) October 16, 2023

Се очекува во наредните часови да бидат ослободени уште неколку заложници.

Да потсетиме, Миа, која денеска беше ослободена, беше првиот заложник што Хамас го сними, а потоа го објави тоа видео.

Јас се викам Миа, имам дваесет и една година, јас сум од Шохам. Моментално сум во Газа. Се вратив во саботата рано наутро од забава во Сдерот. Тешко сум повреден, имам рана на раката. Ме донесоа во Газа и ме однесоа во болница овде. Се грижеа за мене, ми дадоа лекови. Само ве молам да ме донесете дома што е можно поскоро кај моето семејство, повторно да се видам со моите родители, моите браќа и сестри. Ве молам извлечете ме одовде што е можно поскоро – вели таа во видеото.

По таа шокантна снимка се огласија и нејзините браќа и мајка, кои објаснија како е да се види Миа по неколкудневен терор.

-Гледам дека поминала низ секакви работи, гледам дека има болки, повредена е. Изгледа исплашено, но жива е! – изјави мајката Карен Шем во интервју за „CNN“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK