декември 5, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека неговата Влада ќе го прошири делењето оружје за израелските граѓани.

Изјавите на Нетанјаху дојдоа по вооружениот напад во Ерусалми (Кудс) во кој загинаа тројца Израелци.

Кисинџер пред смртта откри што ќе ни се случи! Погледнете ги овие две адреси на земјината топка – Немате многу време!

Европа треба да го поддржи Израел, коментира поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за војната на Блискиот Исток, по нападот на Хамас, бидејќи смета дека тоа е суштински …

Израелскиот премиер им се заблагодари на оние што ги убија двајцата напаѓачи.

„Со брзата реакција на двајца војници и еден цивил се успеа да се елиминираат терористите и да се спречи поопасен напад“, рече тој.

Министерот за јавна безбедност и лидер на екстремно десничарската партија Еврејска моќ, Итамар Бен Гвир, го повтори својот повик да се вооружат цивилите:

„Имаме силна полиција и силна армија, но нема полицајци секаде“, рече тој. „Затоа, секаде каде што граѓаните имаат оружје, тие можат да заштитат животи.“

Бен-Гвир вети дека ќе продолжи делењето оружје на израелските цивили.

Три лица, меѓу кои една жена, се застрелани денес, а шестмина се повредени во вооружен напад во Ерусалим, според израелскиот Канал 12.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK